ОТВОРЕН ПОВИК
за наставник/чка – хонорарно ангажиран/а
Здружението Новинари за човекови права објавува Отворен повик за ангажирање на наставник/чка за потребите на проектот „Зајакнување на иднината“, кој се реализира во рамки на Дневниот Центар „Гнездо“.
📅 Времетраење на ангажманот: 4 месеци(со можност за продолжување)
📆 Почеток: веднаш
⏰ Работно време: понеделник – петок, 09:00 – 16:00 часот (7 часа)
📍 Локација: Дневен Центар „Гнездо“, бул. 3 Македонска Бригада 10А, Скопје
💶 Месечен хонорар: 570 евра (бруто износ)
🔎 Опис на работните задачи
Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/а за:
• Подготовка на дневна програма за работа во координација со стручниот тим
• Организирање и реализирање образовни и креативни работилници
• Водење редовна документација и извештаи за планирани и реализирани активности
• Работа и грижа за деца на возраст од 6 до 14 години во хетерогена група
• Соработка со стручниот тим и волонтерите на центарот
• Поддршка во креирање инклузивна и безбедна средина за учење и развој
👩🏫 Профил на кандидат/ка
• Завршено високо образование (педагогија, одделенска настава, социјална работа, психологија или сродна област)
• Искуство во работа со деца
• Искуство во работа со ранливи категории ќе се смета за предност
• Креативност, емпатија и способност за тимска работа
• Организациски способности и одговорност
🌱 Нудиме
• Работа во динамична и мотивирачка средина
• Дел од стручен и посветен мултидисциплинарен тим
• Можност за професионален развој и надградба
• Можност за продолжување на ангажманот по истекот на договорот
• Активно учество во развој на иновативни образовни програми
• Вклученост во настани, работилници и партнерства на организацијата
📩 Начин на аплицирање
Заинтересираните кандидати треба да достават:
• Професионална биографија (CV)
• Мотивационо писмо
📅 Краен рок за аплицирање: 12 мај 2026 година
Апликациите да се испратат по електронски пат на:📧 empoweringfuturesjhr@gmail.com
Со назнака: Апликација за наставник – Гнездо
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.
