На 15 мај 2025 година, официјално започна со работа Дневниот центар Гнездо – Центар за деца и родители во социјален ризик. Центарот претставува сигурно и поддржувачко место за семејства што се соочуваат со различни социјални, економски и семејни предизвици.

ШТО НУДИ ГНЕЗДО?

Центарот обезбедува психосоцијална, образовна, правна и практична помош и поддршка за:

  •  Деца на улица и деца во социјален ризик,
  •  Родители и семејства кои се соочуваат со сиромаштија, семејно насилство или маргинализација,
  •  Малолетни лица жртви на злоупотреба, експлоатација или занемарување

 

Во ГНЕЗДО, корисниците добиваат пристап до:

  •   Психолошка и социјална поддршка
  •   Едукативна и креативна помош и поддршка за учење и развој
  •   Правна помош и застапување
  •   Основна грижа- храна, хигиена, облека

 

КОЈ СТОИ ЗАД ГНЕЗДО?

Проектот е реализиран со поддршка на Сојузното министертво за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Австрија, и ЕКПАТ Австрија а го води Здружението Новинари за човекови права.

Континуирана поддршка центарот добива од:

  • Министертвото за социјална политика, демографија и млади
  • Центарот за социјални работи
  • Единицата на локална самоуправа

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ДОСЕГАШНАТА РАБОТА

Во првите неколку месеци од своето работење, Дневниот центар ГНЕЗДО:

  • Индиректни корисници: 12 (за месец мај и јуни),
  • Материјална помош: обезбедена за 9 семејства,
  • Социјални услуги: Сите 11 семејства користеле услуги од социјалниот работник.

 

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ, КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ ИЛИ ПОСЕТЕТЕ НЕ НА:

🌐 https://jhrmk.org/

📧 socijalen_rabotnik@gnezdo.org.mk
📞 ++389 071/791-821