Во рамките на проектот EURENI, 70 граѓански организации кои се борат за хемиска безбедност испратија писмо до делегатите на INC 1 за транспарентноста на информациите за хемикалии во пластиката, со што ќе се зајакне Договорот за пластика, за кој патем следната недела ќе се говори на Самитот во Уругвај.
Во писмото 70те граѓански организациите бараат од претставниците на земјите делегати да објавуваат јавно достапни информации за токсичните состојки во пластичните материјали и производи во текот на животниот циклус. Транспарентноста на информациите отвора можност за национални, регионални и глобални мерки за контрола и намалување на штетните материи. Исто така, ќе ги поддржи земјите, особено земјите во развој и земјите со економии во транзиција, во нивните напори да применат национални мерки, како што се контрола на производството и увозот, надзор и регулација, за да се намали загадувањето.
Како главен извор на информации, производителите на пластика треба да бидат обврзани да ги направат транспарентни информациите за хемикалиите што ги користат за производство на пластичните материјали. Ова ќе помогне тие да ја подобрат одржливоста, да стануваат одговорни и да добиваат доверба и признание за нивните напори.
Транспарентноста на хемикалиите во пластиката е победничка ситуација за сите: креаторите на политиката, потрошувачите, бизнисите, рециклаторите и животнате средина. Само со исполнување на овој предуслов е можна безбедна и нетоксична кружна економија- се вели во писмото.
За да ги постигне своите цели, Договорот за пластика мора да вклучи амбициозни, обврзувачки и усогласени барања за транспарентност на информациите за хемикалиите во пластиката.
Потпишаните организации ги повикуваат владите да:
• Вклучат амбициозни, обврзувачки и хармонизирани барања за транспарентност на информациите за хемикалиите што се користат во производството на пластика и во пластичните материјали и производи во текстот на Договорот за пластика
• Да го применат принципот на правото да се знае во текот на целиот животен циклус на пластиката и тоа преку јавно достапни информации за секого и насекаде
Линк до Писмо до INC1.
Plastic_Sign_on_paper_with_logos