Во периодот од  Ноември 2013 до Април 2015 година, го имплементиравме проектот “Развивање на планови за безбедна вода и санитација за еколошка едукација во училиштата во руралните средини во Македонија и Романија”. Проектот беше во партнерска соработка со WECF и Aquademica од Романија.
Во Македонија го спроведовме во две рурални општини, Вратница и Арачиново и во регионалните основни училишта во истите. Целна група беа ученици, наставници, медиуми, локални НВО, претставници од локалната самоуправа и водооператорите во двете општини. Во текот на проектот беа опфатени 5 училишта (2 во општина Вратница и 3 во општина Арачиново), или вкупно 500 ученици, 30 наставници, 10 претставници на локалната заедница, 50 локални граѓаните и вработените во локалната самоуправа (Арачиново и Јегуновце), како и оператори на вода во таргетираните општини.
Проектот имаше за цел учениците, во соработка со своите наставници да се обучат самите да подготвуваат ПБВС, а претставниците на локалнара самоуправа и водо операторите да обрнат поголемо внимание за квалитетот на водата и санитацијата.
Во текот на проектот со партнерската организација WECF беше направено независно тестирање на водата во селата во општина Арачиново, каде се покажа дека водата за пиење во Арачиново е неисправна и содржи висока концентрација на ешерихија коли и други колифорни бактерии. (http://www.wecf.eu/english/articles/2014/09/water-testing-maz.php).
Во текот на проектот беа направени и неколку работни средби со локалното население, наставниците и учениците, кои во период од 12 месеци се едуцираа како да ја тестираат исправноста на водата, како да ги мерат врнежите, да цртаат мапи и да го интервјуираат локалното население за изворите на вода во нивна близина.
Исто така беше подготвен и испечатен компендиум за развивање на планови за безбедна вода и санитација, а кој е наменет за наставниците и општествените чинители во првите два дела, додека третиот дел е наменет за  учениците и кој се стремиме д асране дел од фкултативна настава на учениците во основните училишта.
На завршната конференција беше организирана и изложба со слики од децата од училиштето од село Вратница, Симчо Настовски (линк: http://www.wecf.eu/english/articles/2015/05/ClosingConference-Skopje.php).
Како препораки од овој проект произлегоа:
а) Потребата од поголема свест за безбедна вода и санитација
б) Поголема одговорност на локалната власт и давател на вода
в) Поголема грижа на локалното население за личната хигиена