Извршниот директор на Journalists for Human Rights (JHR), Филип Спировски, беше дел од лидерската средба на European Environmental Bureau (EEB), каде што претставници на организации од различни европски земји разговараа за заедничките еколошки предизвици, идните приоритети и улогата на граѓанското општество во креирањето поамбициозни и поефикасни политики за животната средина.
Учеството на JHR на оваа средба е уште една потврда за продолжувањето и продлабочувањето на соработката со EEB, особено во областите на еколошка демократија, климатски политики, заштита на природата, човекови права и зајакнување на граѓанскиот простор.
За JHR, членството и активната соработка со EEB претставуваат важна можност гласот и искуствата од Северна Македонија и Западен Балкан да бидат посилно присутни во европските дискусии и процеси на донесување одлуки.
Во периодот што следи, JHR ќе продолжи да работи на заеднички иницијативи, размена на знаење и развој на нови партнерства кои ќе придонесат кон поправедна, позелена и поодржлива Европа.
