Во периодот 2015–2016 година, Новинари за човекови права (Journalists for Human Rights – JHR), во партнерство со Институтот за јавно здравје и со поддршка на UNECE, ја спроведе првата национална самооценка на рамноправниот пристап до вода и санитарни услуги во Република Северна Македонија, користејќи ја методологијата UNECE Equitable Access Score-card во рамките на Протоколот за вода и здравје.

Проценката ги анализираше политиките, институционалната рамка и практичната достапност на услугите за вода и санитарни услуги, со посебен фокус на:

  • еднаков пристап за сите граѓани;
  • ранливите и маргинализираните категории;
  • руралните средини;
  • финансиската достапност на услугите;
  • учеството на јавноста во донесувањето одлуки;
  • институционалната координација и управувањето со ризици.

Наодите и препораките од оваа самооценка претставуваат значајна основа за понатамошно унапредување на националните политики, како и за подготовката на Предлог Националниот протокол за итно снабдување со безбедна вода за пиење, кој го објавуваме на јавна консултација.

📄 Преземете го извештајот:
Achieving the Human Right to Water and Sanitation: An Assessment of the Situation of Equitable Access to Water and Sanitation in the former Yugoslav Republic of Macedonia

PDF_ACHIEVING_THE_HUMAN_RIGHT_TO_WATER_AND_SANITATION__1_