Свеченото отворање на Меѓувладиниот панел за наука и политики за хемикалии, отпад и загадување претставува значаен чекор кон зајакнување на глобалната соработка во справувањето со загадувањето и заштитата на животната средина и здравјето на луѓето. Панелот има за цел да обезбеди научно засновани информации и препораки кои ќе помогнат во креирањето ефективни политики и решенија за справување со предизвиците поврзани со токсичните супстанции и отпадот.

Настанот ги обедини претставниците на владите, научната заедница, меѓународните организации и граѓанското општество, создавајќи простор за размена на знаења, искуства и добри практики. Отворањето ја истакна важноста од инклузивен пристап, со учество на различни региони, експертизи и општествени групи.

Панелот претставува важна платформа за поттикнување координирана и заедничка акција на глобално ниво, со цел создавање побезбедна и поздрава животна средина за сегашните и идните генерации.

Во прилог е и дневниот извештај на Women Major Group UNEP за првиот ден започнување со работа на панелот.

ISP-CWP February 2nd