📢 ОТВОРЕН ПОВИК

За наставник/чка – хонорарно ангажиран/а

📍 Дневен Центар „Гнездо“ – бул. 3 Македонска Бригада 10А, Скопје

Здружението Новинари за човекови права објавува Отворен повик за ангажирање на наставник/чка за потребите на проектот „Зајакнување на иднината“.

Времетраење на ангажманот: 7 месеци
(со можност за продолжување)
Почеток: март 2026 година
Работно време: понеделник – петок, 09:00 – 16:00 часот
Локација: Дневен Центар „Гнездо“, Скопје

Месечен хонорар: 570 евра (бруто износ)

 

 Опис на работните задачи

Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/а за:

  • Подготовка на дневна програма за работа во координација со стручниот тим
  • Организирање и реализирање образовни и креативни работилници
  • Водење редовна документација и извештаи за планирани и реализирани активности
  • Работа и грижа за деца на возраст од 6 до 14 години во хетерогена група
  • Соработка со стручниот тим и волонтерите на центарот
  • Поддршка во креирање инклузивна и безбедна средина за учење и развој

 

 Профил на кандидат/ка

  • Завршено високо образование (педагогија, одделенска настава, социјална работа, психологија или сродна област)
  • Искуство во работа со деца
  • Искуство во работа со ранливи категории ќе се смета за предност
  • Креативност, емпатија и способност за тимска работа
  • Организациски способности и одговорност

 

 Нудиме

  • Работа во динамична и мотивирачка средина
  • Дел од стручен и посветен мултидисциплинарен тим
  • Можност за професионален развој и надградба
  • Можност за продолжување на ангажманот по истекот на договорот
  • Активно учество во развој на иновативни образовни програми
  • Вклученост во настани, работилници и партнерства на организацијата

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

 

Краен рок за аплицирање: петок, 27 февруари 2026 година

Апликациите да се испратат по електронски пат на:
📧 empoweringfuturesjhr@gmail.com

Со назнака: Апликација за наставник – Гнездо

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.