📢 ОТВОРЕН ПОВИК

За социјален работник/чка – хонорарно ангажиран/а

📍 Дневен Центар „Гнездо“ – бул. 3 Македонска Бригада 10А, Скопје

Здружението Новинари за човекови права објавува Отворен повик за ангажирање на социјален работник/чка за потребите на проектот „Зајакнување на иднината“.

Времетраење на ангажманот: 7 месеци
(со можност за продолжување)
Почеток: март 2026 година
Работно време: понеделник – петок, 09:00 – 15:00 часот

Месечен хонорар: 400 евра (бруто износ)

 

Опис на работните задачи

Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/а за:

  • Соработка со родители и семејства на децата
  • Процес на упис и проценка на потребите на нови деца
  • Подготовка и следење на индивидуални развојни планови
  • Групна и индивидуална работа со деца
  • Соработка и координација со стручниот тим
  • Поврзување со релевантни институции кога е потребно
  • Водење евиденција и извештаи согласно проектните барања

 

 Профил на кандидат/ка

  • Завршено високо образование – социјална работа
  • Положен стручен испит (ќе се смета за предност)
  • Искуство во работа со деца и семејства
  • Искуство со ранливи категории ќе се смета за предност
  • Развиени комуникациски и организациски способности
  • Способност за тимска работа и теренска работа

 

 Нудиме

  • Работа во мултидисциплинарен тим
  • Професионално искуство во иновативен модел на дневна грижа
  • Можност за професионален развој
  • Вклученост во партнерства со институции и заедницата
  • Можност за продолжување на ангажманот

 

Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

Краен рок за аплицирање: петок, 27 февруари 2026 година

Апликациите да се испратат по електронски пат на:
empoweringfuturesjhr@gmail.com

Со назнака: Апликација за социјален работник – Гнездо

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.