📢 ОТВОРЕН ПОВИК

За теренски соработник/чка – хонорарно ангажиран/а

📍 Дневен Центар „Гнездо“ – Скопје

Здружението Новинари за човекови права објавува Отворен повик за ангажирање на теренски соработник/чка за потребите на проектот „Зајакнување на иднината“, кој се реализира во рамки на Дневниот Центар „Гнездо“.

Времетраење на ангажманот: 7 месеци
(со можност за продолжување)
Почеток: март 2026 година
Ангажман: 20 часа неделно
Работно време: флексибилно, во периодот од 09:00 до 18:00 часот, согласно теренските активности и потребите на корисниците
Територија на работа: општини Центар, Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода

Месечен хонорар: 330 евра (бруто износ)

 

 Опис на работните задачи

Избраниот/ата кандидат/ка ќе биде одговорен/а за:

  • Соработка со проектниот и стручниот тим
  • Соработка со основни училишта на територија на општините Центар, Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода
  • Посета на домовите на корисниците
  • Увид во фактичката состојба (животни услови, причини за отсуства од училиште и центарот)
  • Поддршка при идентификација и вклучување на нови корисници
  • Промоција на Дневниот Центар „Гнездо“ во заедницата
  • Водење теренски белешки и извештаи

 

 Профил на кандидат/ка

  • Средно или високо образование (социјална работа, педагогија, психологија или сродна област ќе се смета за предност)
  • Познавање на локалната заедница
  • Претходно искуство во теренска работа
  • Искуство во работа со маргинализирани групи
  • Развиени комуникациски способности
  • Способност за самостојна работа и координација со тим

 

 Нудиме

  • Работа во ангажиран и поддржувачки тим
  • Флексибилен распоред согласно теренските активности
  • Можност за професионален развој
  • Вклученост во директна работа со заедницата
  • Можност за продолжување на ангажманот

 

 Начин на аплицирање

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Професионална биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

Краен рок за аплицирање: петок, 27 февруари 2026 година

Апликациите да се испратат по електронски пат на:
📧 empoweringfuturesjhr@gmail.com

Со назнака: Апликација за теренски соработник – Гнездо

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.