Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерт кој работи и ја покрива областа на проектен менаџмент,  имплементација и евалуација на проекти повеќе од 3 години.
Тема: Евалуација на проектен циклус.
Потребен е експерт за изработка на евалуација на проектен циклус. Евалуацијата ќе им помогне на имплементаторите на проектот при оценка на резултатите, долгорочните индикатори и проценка на долгорочниот ефект.
Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:
‐ Подготовка на евалуација на проектниот циклус со заклучоци за долгорочните индикатори и проценка на долгорочниот ефект.
Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 3 години искуство во областа на проектен менаџмент,  имплементација и евалуација на проекти.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоиl најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за евалуатор“, најдоцна до 04.11.2022 година.