Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерт од областа на социјална политика и /или човекови права кој работи во областа повеќе од 3 години.
Тема: Изработка на стратешки документ за политики.
Потребен е експерт од областа на социјална политика и /или човекови права за изработка на стратешки документ за политики. Документот за политики ќе биде насочен кон институциите кои работат на заштитата на правата на децата и е во рамки на активностите на Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца.
Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:

  • Подготовка на стратешки документ за политики што ќе ги разгледува отсуството од училиште на децата во Северна Македонија во корелација со траумата и ризикот од трговија со деца, давајќи препораки за сеопфатен пристап кон спречување на отсуство од училиште, ја нагласува важноста на меѓуагенциската координација, соработка и информирање, вклучувајќи родово сензитивен пристап и интервенција
  • Достапност за консултации со координаторите на проектот и партнерите

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 3 години искуство во областа на социјална политика и /или човекови права.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоиl најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за експерт“, најдоцна до 17.11.2023 година.