Новинари за човекови права (Journalists for Human Rights – JHR), во партнерство со Women Engage for a Common Future (WECF), во рамките на проектот „Право на вода“, го објавува Предлог Националниот протокол за итно снабдување со безбедна вода за пиење и го става на јавна консултација.

Документот претставува прв сеопфатен предлог за воспоставување национален систем за превенција, подготвеност и координиран одговор при кризни ситуации што можат да го загрозат квалитетот, безбедноста или континуитетот на снабдувањето со вода за пиење.

Протоколот е изработен врз основа на:

  • националното законодавство;
  • Директивата (ЕУ) 2020/2184 за водата наменета за човечка употреба;
  • Рамковната директива за води (2000/60/ЕЗ);
  • Протоколот за вода и здравје (UNECE/WHO Europe);
  • насоките на Светската здравствена организација (WHO);
  • принципите на човековото право на безбедна вода за пиење и санитарни услуги;
  • други релевантни европски и меѓународни стандарди и добри практики.

Документот предлага единствени оперативни процедури за проценка и управување со ризици, координација помеѓу институциите, комуникација со јавноста, заштита на ранливите категории, обезбедување алтернативно снабдување со вода, како и мерки за зголемување на отпорноста на водоснабдителните системи кон климатските промени и други кризни состојби.

Со неговото објавување сакаме да поттикнеме широка стручна и јавна дебата и да обезбедиме документот да ги одразува потребите и искуствата на сите засегнати страни.

Ги покануваме државните институции, единиците на локалната самоуправа, јавните комунални претпријатија, здравствените установи, академската заедница, стручните здруженија, граѓанските организации и сите заинтересирани граѓани да ги достават своите коментари, забелешки и предлози за негово унапредување.

По завршувањето на јавните консултации, сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани, а финалната верзија на Протоколот ќе биде доставена до надлежните институции како предлог за понатамошно разгледување и усвојување.

📄 Преземете го Предлог Националниот протокол за итно снабдување со безбедна вода за пиење: протокол

📧 Коментарите и предлозите можете да ги испратите на: detstvo@detstvo.org.mk