Во рамки на проектот „Towards Justice: Drafting the Law on Femicide in North Macedonia“, се одржа студиска посета во Наполи, Италија, организирана во партнерство со организацијата Sinergie coop, со поддршка од Ministero degli Affari Esteri e della Cooperazione Internazionale со цел размена на добри практики и искуства поврзани со законската рамка за фемицид, институционалниот одговор и механизмите за заштита од родово базирано насилство.
Посетата претставува важен чекор во процесот на подготовка на предлог-закон за фемицид во Северна Македонија, преку анализа и адаптација на италијанските искуства и европските практики на домашниот правен контекст. Во текот на работните сесии учество земаа претставници на институции, правни експерти, граѓански организации, академската заедница и медиуми, кои дискутираа за предизвиците и можностите за законски реформи во областа на заштита на жените од насилство.
Посебен фокус беше ставен на:
- италијанската законска рамка за родово базирано насилство и фемицид;
- потребите и празнините во постојната правна рамка во Северна Македонија;
- значењето на препознавањето на фемицидот како посебно кривично дело;
- механизмите за превенција, институционална координација и заштита на жртвите;
- подготовка на конкретни елементи за идниот законски предлог.
Преку директна размена на знаења и искуства со италијански правни експерти и институции, учесниците добија увид во успешни практики кои можат да придонесат кон поефикасен систем за превенција и справување со фемицидот во Северна Македонија.
Проектот има за цел не само подготовка на законско решение, туку и поттикнување поширока институционална и општествена промена, преку зајакнување на свеста дека фемицидот претставува сериозно кршење на човековите права и бара системски одговор.
Студиската посета во Наполи уште еднаш ја потврди важноста на меѓународната соработка, размената на искуства и заедничката заложба за создавање посигурно и поправедно општество за жените и девојките.
