Новинари за човекови права во рамки на проектот WatSan, а кој го имплементира со партнерите од Германија – ВЕЦФ, Романија – Аквадемика, Албанија – Жени во развоја – Скадар и Мелуконтакт Албанија и Србија – Амбасадори за одржлив развој на животната средина, и е со поддршка на германското министерство за животна средина пго одбележе Глобалниот ден за миење раце.
Покрај кампањата на социјалните мрежи, НЧП во неколку основно училишта одржа час за одбележување на денот. Наставниците им поделија едукативен лист со инструкции за миење на раце, додека НЧП им подели по еден сапун, со цел да ги потсеи на важноста да ги мијат рацете со сапун.
Само колку за потсетување, во училиштата низ Северна Македонија децата мора од дома да носат сапун за миење на рацете.