ГО – Новинари за човекови права на 20. Ноември ја орагнизираше тркалезната маса  „Правото на вода како основно човеково право –време за Уставна заштита“.

Целта на тркалезната маса беше да се поттикне јавна и стручна расправа за потребата од заштита на човековото право на вода во Уставот на Р. Македонија, без дискриминирање, финансиски пристапна и здравствено исправна.

На тркалезната маса, на која учествуваа претставници на македонската влада и експерти во секторот вода беа поставени темелите на започнување инцијатива за водата да влезе во Уставот на Република Македонија како основно човеково право.

Вицепремиерот во владата на Р. Македонија, проф. Зоран Шапуриќ кажа дека во Македонија генерално се почитуваат човековите права и се заштитени во Уставот. Во однос на прашањата поврзани со водата проф. Шапуриќ потенцираше дека македонското законодавство не е целосно транспонирано со ЕУ законодавството и дека има отворени прашања што треба да се решат, но дека во принцип Македонија го почитува и практикува правиќниот пристап до вода за пиење.Според вицепремиерот во Македонија никој нема против водата да влезе во Уставот како основно човеково право, но дека е потребна порелаксирана атмосфера.

Проф Кочубовски потенцираше дека треба да бидат исполнети сите предуслови за да се дојде до Уставните измени во однос на ова прашање. Меѓу другото, според  Кочубовски, прво треба Македонија и официјално да го ратификува Протоколот на ОН за вода и здравје, да го изедначи или приближи законодавството со она на ЕУ. Иако најголем дел од законите и мерките предвидени во Протоколот кај нас се применуваат, потребна е официјализација, па дури потоа, на здрави основи да се премине и кон оваа иницијатива.  Проф. Кочубовски рече дека иако требаше Протоколот конечно да биде ратификуван оваа година, се очекува тоа да биде идната година.

Претставникот од Регулаторната комија за енергетика Шамил Реџепи, тело кое ја има под свои ингеренции и водата, рече дека со превземањето на водата од нивната институција се соочиле со хаотича ситуација, бидејќи, како што истакна „имаме производ, вода, но немаме соодветна услуга“, притоа мислејќи на лошо управување со водата.  Според него многу е поважно да завршат водните реформи, бидејќи и само еден граѓанин ако остане без пристап до вода, водните реформи ќе бидат неупсешни!

Реџепи уште додаде дека прво треба да ја изградиме основата за одговорно користење на водата, а дури потоа да се стремиме истата да влезе како уставна категорија. На, овој став беше и претставникот на канцеларијата на јавниот правобранител, Мухамед Ходаи и ја посочи состојбата во Тетово и проблемите што ги имаа граѓаните во однс на плаќањето на сметките.  Дозволуваат да стасаат до извршител, не земајќи го притоа фактот дека  е неопходно навремено и целосно шлаќање на сметките. Најголените поплаки од неговата институција се однесуваат на овој граѓански проблем во однос на водата

Наташа Амдију, правник и независен експерт, тргнувајќи од социјалната компонента го предложи кумулативното прибирање на даноци како пример како да се покрие социјалниот аспект во однос на пристапот, на плаќањето на водата.

Наташа Доковска од Новинари за човекови права посочи дека Македонија треба да биде добар пример во регионот и да го искористи високиот процент на правичен пристап до вода и санитација и тргнувајќи од таа констатација да започне разговори за потегнување иницијатива за уставни измани во насока водата за лична употреба да стане основно човеково право гаранатирано и со Уставот.

Бистра Михаилова од WECF сподели искуства со земји членки од ЕУ и Бугарија и го претстави проектот за мали водоводни системи кој се спроведе во Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина.

Модераторот на иницијативата, Филип Спировски заклучи дека оваа тема треба да продолжи да се развива и дека и Македонија како земја која ги следи Целите за одржлив развој, треба да го третира ова прашање и во некоја блиска иднина водата да ја стави во Уставот. Но, за да се остварат сите предуслови за тоа треба да се работи на неколку нивоа и тоа: – да се зголеми свеста кај граѓаните за пристапот и користењето на водата, водата да се стави во институационлана и законска рамка, да се зајакнат капацитетите и соработката меѓу сите инволвирани страни во проблематиката и да има континуиран мониторинг на користењето на водата, а како предлог беше дадено креирање на „виктимолошка карта“ со црвени зони афектирани со проблеми во водоснабдувањето)…

Правото на вода како уставна категорија не е нешто недостижно. Новинари за човекови права преку прокетот ВатСанПлан, кој го имплементира во соработка со WECF, Aquademica и Women in Development од Скадар, а со подршка на Министертсвото за животна средина на Германија, ќе продолжи да работи на оваа проблематика бидејќи Македонија е подготвена водата и санитацијата како основно човеково право да ги стави во Уставот.

Препораките на Светската здравствена организација се дека секое лице треба да има пристап до вода за пиење, со одреден квалитет и количество од околу 70 литри на ден, со појаснување дека правото на вода не е безграничен пристап до бесплатна вода, туку пристап до вода за лични потреби.

Досега во ЕУ имаше три предлози за конституционализација на човековите права, и тоа во Белгија, Италија и во Словенија.  Словенија е првата држава во ЕУ која од 2016 година со устав го гарантира правото на вода,  додека Белгија, земја каде што е човековото право на вода остварено максимално, вели дека конституционализацијата на ова право не е во фокус на интерес бидејќи многу добро се заштитени човековите права , па така сите граѓани имаат 15 кубици вода годишно бесплатно. На светско ниво, 15% од вообичаените услуги за водоснабдување ги имаат приватните добавувачи, а по сериозни приватизации со растот на цените и исклучувањето на корисниците на услуги во одделни земји, сега има тенденција да се врати водоснабдувањето во јавниот сектор.

На тркалезната маса учествуваа:

Зоран Шапуриќ – Министер во Владата на Р.М.,

Кочубовски Михаил од Институтот за јавно здравје,

Мухамед Ходаи – Државен советник од канц. на Народен правобранител,

Шамил Реџепи од Регулаторната комисија за енергија,

Наташа Амдиjу – Независен правен експерт

Бистра Михаилова – Вода и санитација ВЕЦФ,

Верена Демелбауер – координатор за вода и санитација ГО ВЕЦФ,

Адриана Спахиу – ГО Жени за развој Скадар, Албанија;

Филип Спировски, Наташа Доковска, ГО Новинари за човекови права,

Андреа Накова, ГО НЧП Волонтер – техничка поддршка.