Извештајот за трендовите на пазарот на трудот на Западен Балкан 2017 година, истакнува дека младите, жените и нискообразованите се меѓу најтешко погодените и имаат високи стапки на неактивност. Според Редовниот економски извештај на Светската банка, речиси 25% од младите во регионот се неактивни, што значи дека не се вработени, ниту посетуваат образовна институции или обуки. Во Северна Македонија стапката на невработеност кај младите е 26%. Земјата треба да ја развива и диверзифицира својата економија, а создавањето нови работни места за младите треба да биде приоритет, но новите идни области на зелената економија сé уште не се добро развиени, наместо тоа, гледаме инвестиции во стара технологија, како што се постројки на фосилни горива, нови рудници за јаглен и други не-одржливи технологии. Исто така, карактеристично на пазарот на труд во земјата, како и низ Западен Балкан е постојаното неформално вработување во форма на непријавена или недоволно декларирана работна сила и ранливо самовработување. Родовата нееднаквост останува голем предизвик, како и безбедноста на приходите потребни за инклузивни пазари на труд, кои вклучуваат ранливи групи.

Ова се беше доволна причина да започнеме да работиме со млади на подигнување на свесноста за цирклурната економоја, одржливиот развој и зелените работни места.

Проектот има за цел да одговори на недостатокот на можности за работа за младите жени и мажи во активности на пазарот на трудот ориентирани кон иднината и зелената економија. Целта е да се изградат капацитетите на граѓанските организации фокусирани на млади во 3 целни општини во Северна Македонија (Кавадарци, Струга и Ресен) и да им се дадат вештини, алатки, онлајн платформа и можности за партнерство за да ја демонстрираат својата визија и можностите за вработување на младите во новата зелена и циркуларна економија како дел од процесот на интеграција во ЕУ.

Во рамки на проектот направена е анализа за состојбата во трите таргетирани општини. Анализата може да ја прочитате Resen Kavadarci Struga

Проектот кој има време траење од 10 месеци е субгрантиран од проектот GEAR/2017/394-354/MКD, од програмата Поддршка на граѓанските организации (ГО) во Северна Македонија во рамки на проектот GEAR – Зелена економија за развој на регионот.