Проектот Архус за новинари се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права,
(НЧП) Скопје.
Општа цел на проектот е активно учество на локалните медиуми во креирање на јавното мислење
за процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми поврзани со животната средина.
Специфична(и) цел(и): Едукација на локалните новинари и уредници за Архуската конвенција и
правата и обврските што произлегуваат од истата.
Цел на ангажманот:
Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на проектот „Архус за
новинари“ ќе ангажира дванаесет (12) новинари, кои работат и ја покриваат или се заинтересирани
за областа животна средина.
Преку дводнодневен тренинг пријавените новинари ќе се запознаат поблиску со принципите и
примената на Архуската конвенција што ќе биде почеток на нивната работа на стории кои директно
ги допираат принципите на Архуската конвенција. Четиримесечниот ангажман ќе се одвива преку
менторски процес на истражување и изработка на сторија за животната средина и работа „peer to
peer“. Сториите ќе бидат објавени на порталите www.text.mk и http://text.mk/category/nea/. На
крајот е предвиден и избор на најдобра сторија и доделување на награди за 3 најдобри стории.
Бенефитот од ангажманот во тренингот не е само личен, на пријавените новинари бидејќи
обучените еко-новинари се потенцијал за локалните медиуми активно да учествуваат во креирање
на јавното мислење, процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми поврзани со
животната средина, а ќе се оствари и зголемен пристап до темите за Архуска конвенција и нејзина
практична примена во новинарската работа, зголемено локално знаење на тема Архус и правата и
обврските кои произлегуваат, но и подобрено вмрежување на новинарите и препознавање на
локални теми од област на животна средина, со што ќе се зголеми и процентот на стории со
еколошки предзнак. Тоа би требало да иницира и зголемено внимание кон проблемите поврзани со
примена на Архуската конвенција, провоцирање дебата и реакција од страна на носителите на
одлуки.
Пријавувањето на новинари може да се направи на мејл: detstvo@detstvo.org.mk со назнака
“Апликација за тренинг на новинари” и на телефонските броеви 071359939 и 070233917,
најдоцна до 30.06.2020 година.