Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на 2 (два) експерти од областа на информатички технологии кои работат на изработка на интерактивни платформи – интернет сајтови повеќе од 5 години.
Тема: Изработка на систем за рано предупредување (интернет сајт).
Потребни се 2 (два) експерти/ИТ компанија од областа на информатички технологии за изработка на интерактивна платформа – интернет сајт. Сајтот ќе функционира како интерактивна платформа – Систем за рано предупредување за исчезнати деца, а ќе се базира на веќе постоечки австриски искуства. Функционалноста на сајтот ќе биде во согласност со домашните закони за заштита на лични податоци и ќе биде лесен и достапен за користење за широка публика.
Работни задачи: Од компанијата/експертите се очекува да ги реализираат следните задачи:

  • Запознавање со австриските искуства и соодветно транспонирање во македонски контекст
  • Давање на предлози насочени кон подобрување на функционалноста на сајтот
  • Примена на безбедносни протоколи со цел заштита на лични податоци
  • Изготвување на интернет сајт кој е лесен за користење за широка публика
  • Спремност за дополнително натамошно ажурирање и техничка поддршка на сајтот по негово лансирање во координација со координаторот на проектот

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност/ Портфолио за компанија
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 5 години искуство во областа на информатички технологии и изработка на интерактивни платформи – интернет сајтови.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние 2 (два) кандидати чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоиl најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за ИТ експерт“, најдоцна до 28.02.2022 година.