Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерти (3 лица) кои работат и ја покриваат областа на онлајн безбедност повеќе од 3 години.
Тема: Алатки за препознавање на лажни профили на социјални медиуми (Фејсбук, Твитер, Инстаграм).
Потребни се експерти (3 лица) за изработка алатки за препознавање на лажни профили на социјални медиуми (Фејсбук, Твитер, Инстаграм) како превенција од трговијата со луѓе преку користење на интернет комуникацијата. Алатките (прирачник) ќе им помогнат на корисниците (родители, деца, наставници) при престојот на децата на интернет да ги препознаат и да се справат со модерните закани и ризици од злупотребата на децата на интернет.
Работни задачи: Од експертите (соодветно за секој социјален медиум – Фејсбук, Твитер или Иистаграм) се очекува да ги реализира следните задачи:

  • Таргетирање на проблемот
  • Давање на предлози насочени кон подобрување на онлајн безбедноста
  • Да користи методи на превенција усогласени со целната група
  • Подготовка на алатката (прирачник) за корисниците на интернет со јасни упатства за безбедносните ризици и препораки за нивно отстранување и избегнување
  • Изготвување на детален наративен извештај по секоја активност и споделување на истиот со координаторот на проектот

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 3 години искуство во областа на онлајн безбедност.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за експерт за алатка за препознавање лажни профили на ….“ (Фејсбук, Инстаграм или Твитер – соодветно да се назначи една од социјалните мрежи за која се аплицира), најдоцна до 05.08.2022 година.

Tел: 071/359939 E-mail: аleksandra@jhrmk.org   /    www.jhrmk.org
Адреса: Страшо Пинџур бр.7/4, Скопје