Менструацијата не е табу. Не е срам. Не е луксуз. Таа е факт од животот – биолошка реалност на милијарди девојчиња, жени и луѓе со матка ширум светот. Но, реалноста е дека многу од нив сè уште живеат во срам, тишина и сиромаштија.

Овој ден го одбележуваме за да потсетиме дека:

🔴 Менструалното здравје е здравствено прашање, но и прашање на правда и еднаквост.
🔴 Недостапноста на производи, несоодветната санитарна инфраструктура и недоволната едукација создаваат непремостливи бариери.
🔴 Менструалната сиромаштија влијае на образованието, достоинството и учеството на жените и девојчињата во општеството.

📣 Денес зборуваме гласно затоа што нееднаквоста почнува со првото крвавење.
📣 Денес бараме менструална правда – затоа што без неа, нема ни родова правда.
📣 Денес се бориме за политики што обезбедуваат бесплатни производи, сеопфатно образование и достапна здравствена заштита за сите.

Заедно, можеме да создадеме свет каде менструацијата нема да биде товар, туку нормален дел од животот, без срам, без тајни, без дискриминација.

#МенструалнаПравдаСега
#WorldMenstrualHealthDay
#МенструацијатаНЕеТАБУ
#PeriodPovertyEndsHere

Презентациите може д аги видете тука

МХМ презентација

WSSP-MHM_Skopje_2025