Овој прирачник за инструменти за Родов ТнТ беше оригинално развиен во 2014 од страна на WECF и нивните
партнери под проектот „Зајакнувањe на жените‐ Бенефит (за) Сите (EWA)“, кој работеше со жени со ниски
примања во рурални и делумно‐урбани региони во Авганистан, Грузија, Киргистан, Јужна Африка, Македонија, Таџикистан и Уганда. Оттогаш е ажуриран, ревидиран и проширен за да обезбеди стандарден пакет на материјали затренинг базирани на концепти за родова еднаквост, родова анализа и родов мејнстриминг. Ова е збирка од
алатки придружени со соодветни теоретски објаснувања и дополнителни информации. Дизајниран за
тренери и олеснувачи, прирачникот ќе им помогне во подготовка на нови тренери и може исто така да биде
користен при работа со членови на заедницата.
Прирачникот осигура дека учесниците на тренинзите добиваат воведно знаење за темата, и почнуваат да
размислуваат за родовите прашања и одлучуваат како овие прашања треба да бидат адресирани во контекст на
нивната работа поврзана со одржливиот развој. Надежта е дека спроведувањето на родови тренинзи според
предложените сценарија ќе промовира родово‐сензитивно, ориентирано кон резултати планирање,
импламентирање, мониторинг и евалуација на активностите, програмите и политиките. Презентираните алатки
исто така може да помогнат при продобрување на лидерските способности.
Прирачникот може да биде искористен и при организирање тренингзи во различни родови програми, како EWA
програмата, која цели да придонесе кон економско и политичко зајакнување на жените и WOMEN2030
проектот, кој се фокусира на постигнување родово рамноправни цели за одржлив развој (ЦОР). Со поддршка на
Европската Унија и Германска Интернационална Соработка (ГИЗ), оваа програма е имплементирана од WECF и
партнерите од 2018. Дополнително, тренинзи базирани на овој прирачник може да бидат составен дел од
општиот процес на градење на капацитетите во заедниците.
Првиот дел од прирачникот ги објаснува принципите на почеток на тренингот, предлага начини на кои
учесниците може да се запознаат меѓу себе и ги запознава со фокус‐темата.

Link> rodov trening na treneri