70% од детските играчки кои се увезуваат во Македонија, се сметаат за опасни. Ова го тврдат претставници на граѓанската организација „Новинари за човекови права“ откако извршиле тестови на неколку играчки, a го соопштија на прес конференцијата на која беше промовиран почетокот на проектот „Хемиски безбедни по здравјето играчки во Република Македонија“, подржан од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на ИПЕН, и Министерството за животна средина и просторно планирање.

На прес конференцијата го најавивме почетокот на проектот, како и активностите кои беа спроведени во претходниот период, а се поврзани со безбедни играчки. Истовремено, покажавме и практично како ги тестираме играчките за нивото на бучавата.

Тестирањето што го направи активистката Наташа Доковска, од граѓанската асоцијација “Новинари за човекови права“, потврди, како што вели таа, дека оваа играчка е штетна за децата. Според неа, 70% од играчките за деца што се продаваат на македонскиот пазар, се опасни за децата.

Доковска додава дека во земјава нема многу од брендирани играчки кои се сметаат за безбедни за најмалите.

Во 2013 година на македонскиот пазар, имало 50 видови брендирани играчки, а сега само 20, додаваат од организацијата. Тестирањето на играчките,направено во Скопје и Битола, покажа дека поголемиот дел од нив немаат етикети со информации за производот, а дури половината содржат токсични материи. Во светот одамна се води строга контрола за квалитетот на материјалите и боите користени за производство на детските играчки, а неколку студии покажаа дека штетните хемикалии, како во популарните „слајм“ маси можат да водат кон повеќе болести.

Проектот ќе се спроведува во период од септември 2018 до август 2019 година од страна на Новинари за човеки права, во партнерство со Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР. Вкупниот буџет на проектот изнесува 45.550 САД$, од кои 31.250 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на ИПЕН, и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Генерални цели на проектот:

–     Зајакнување на капацитетите на Министерството за економија, Министерството за здравство и Министерството за екологија како одговорни за еколошките критериуми, да го поттикнат испитувањето и  еколошко означување на производите како значаен инструмент со кој може да се намали штетното влијание врз животната средина и природата, предизвикано од производите и услугите за време на нивниот целосен животен циклус, од почетокот на дизајнирањето на производот, па се до грижата по неговото искористување, при што се остваруваат значителни заштеди на вода, хемиски супстанци и енергија, а воедно се намалува отпадот.

–      Поттикнување на медиумите да го отворат ова прашање во јавноста иинформирање на граѓаните за штетноста и по нивното здравје и по околината од употребата на неиспитани играчки со сомнителен квалитет

   Поттикнување и промоција на првата македонска еколошка играчка

 Македонија е преплавена со сомнителни играчки, кои може да содржат опасни хемикалии, а немаат ниту декларации, ниту, пак, се знае кој ги увезува. Никој во земјава не ги контролира играчките што често содржат токсични и канцерогени материи за кои е докажано дека меѓу другото, предизвикуваат неплодност кај девојчињата, оштетувања на нервниот систем, алергии. Заради евтината цена, родителите купуваат се повеќе играчки, кои, заради лошиот квалитет, и брзо се кршат и завршуваат на депонии. НЧП и РАДАР со помош на овој проект на граѓаните ќе им понуди да избираат меѓу небезбедните и првата македонска еко играчка…

Со помош на медиумите темата за безбедни производи и безбеди играчки ќе јаразбудиме јавноста во изборот на истите. За сите случувања околу безбедните производи ќе можете да не следите на www.jhrmk.org и www.text.mk/protoshuvachi.

Ситуацијата со играчките во Македонија одлично е илустрирана и во прилогот на 360Степени од новинарот Хекуран Акифи.