Од 21 до 23 ноември 2018 во Тирана, Албанија се одржа тренинг на тема “Advocacy and lobby”, на кој учествуваа и две претставнички на „Новинари за човекови права“. Обуката беше мошне корисна, квалитетна и високопрофесионално организирана од страна на центарот „Еден“, а изведена од високопрофесионална маркетинг агентка- обучувач На самиот тренинг, во рамките на која учествуваа претставници од десеттина македонски организации, под водство на „Екосвест“, и исто толку граѓанските организации од Албанија, тие ги изучуваа вештините на застапувањето и лобирањето за граѓански проекти, а со посебно интересни идеи се истакнаа и нашите претставнички, соодветно како и другите учесниците. Обуката беше под поккровителство на фондот на Европската унија.