Проектот Архус за новинари се спроведува од страна на Здружение на Новинари за
човекови права, (НЧП) Скопје.
Општа цел на проектот е активно учество на локалните медиуми во креирање на
јавното мислење за процесите на креирање политики и донесување одлуки за теми
поврзани со животната средина.
Специфична(и) цел(и): Едукација на локалните новинари и уредници за Архуската
конвенција и правата и обврските што произлегуваат од истата.
Цел на ангажманот:
Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на проектот: Архус
за новинари има потреба од ангажирање на четворица (4) експерти, искусни новинари,
кои работат и ја покриваат областа животна средина повеќе од 5 години.
Тема:
Новинарска обука за принципите и примената на Архуската конвенција во
новинарството.
Потребени се четири експерти за дводневна обука:
Ден 1: Архуска Конвенција (АК), запознавање и одржливост
Ден 2: Примена и корисност на АК за новинарите енвиронменталисти.
Работни задачи:
Од експертите се очекува да ги реализираат следните задачи:
‐ Подготовка и презентирање на материјали (пр. агенда, презентации…)
‐ Практични примери со што ќе ја приближи темата до кандидатите
‐ Спроведување на обуките
‐ Подготовка на извештај од обуките
Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност,
2. Цена на чинење на услугата во МКД ,
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 5 години искуство во
областа на животната средина.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе ги извести само оние кандидати чија понуда ќе биде
избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
Биографија и претходно искуство 80 бодови
Понудена цена на ангажманот 20 бодови
Вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оние кандидати кои освоиле најголем број бодови.
Цените во понудата да бидат изразени во денари.
Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде
прикажан одделно.
This project is funded by
European Union
Пријавување: detstvo@detstvo.org.mk со назнака „Апликација за обучувач“, најдоцна
до 30.06.2020 година.