Скопје, 13 Ноември 2020

НВО Новинари за човекови права распишува јавен повик за набавка на дигитални услуги за 2021 година за потребите на проектите кои ги имплементира во 2021 година.

Понудувачот треба да понуди цена за дигитални услуги за:

  • Годишно одржување на веб страна
  • Изработка на апликација
  • Изработка на онлајн платформа
  • Изработка на видео игра

Понудите треба да се поднесат на македонски јазик, по електронски пат (detstvo@detstvo.org.mk) со назнака „Jавен повик за дигитални услуги” и  треба да бидат доставени најдоцна до 16 часот на 13 Декември 2020.

Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со административни и технички барања.

Договорот ќе се додели на технички сообразната понуда со најдобра вредност за понудената цена.

Успешниот понудувач писмено ќе биде информиран за прифаќањето на неговата понуда. Понудувачот ќе биде поканет да го потпише договорот. Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на повикот.