Новинари за човекови права секоја година на 22 март го одбележува Светскиот ден на водатa, со цел да ја подигне свеста за глобалната криза со вода, како и да потсети на активностите насочени кон постигнувањето на Целта за одржлив развој (ЦоР) 6, а тоа е правичен пристап до вода и канализација за сите до 2030 година.
Темата на Светскиот ден на водата за 2021 година е вреднување на водата. Вредноста на водата е многу повеќе од нејзината цена – водата има огромна и сложена вредност за нашите домаќинства, храната, културата, здравството, образованието, економијата и интегритетот на нашето природно опкружување. Ако превидиме некоја од овие вредности, ризикуваме лошо управување со овој незаменлив ресурс. ЦоР 6 е да обезбеди вода и канализација за сите. Без сеопфатно разбирање на вистинската, повеќедимензионална вредност на водата, нема да можеме да го заштитиме овој критичен ресурс за доброто на сите.
Бидете и вие дел од одбележувањето на Светскиот ден на водата. Одговерете на прашањетп ШТО ЗНАЧИ ЗА ВАС ВОДАТА? Снимете се на телефон и снимката пратете ни ја…Најинтересните одговори ќе бидат наградени.
Снимките ги очекуваме најдоцна до петок, 19 март, праќајте ги во инбокс на нашата страна на фејсбук или на detstvo@detstvo.org.mk.
Сите пораки ќе бидат објавени на нашите официјални страни на ФБ, инстаграм и твитер…
Настанот е во рамки на проектот WatSan, поддржан од BMUB и во партнерство со
@WECF International, @Aquademica, @Womenindevelopment, @MileukontaktAlbania и @Aмбасадори за одржлив развоj на животната средина.