Новинари за човекови права од денеска започнува со серија тренинзи за наставници во рамки на проектот Споделување на знаење, управување со контроверзии во училиштата во Грција, Северна Македонија и Бугарија.

Целтта на проектот е да се изгради мирна и инклузивна училишна средина во рамките на партнерските земји (Грција, Северна Македонија и Бугарија), а партнери во проектот се

  • АНТИГОНЕ(Грција)
  • Новинари за човекови права (С.Македонија)
  • ЦИДТ Амалипе (Бугарија)

Очекувањата од проектот:

Невладините организации на Грција, Северна Македонија и Бугарија да развијат заеднички алатки за неформална едукација кои им олеснуваат на нивните локални училишни заедници да се справат со контроверзноста

Училишните заедници да бидат зајакнати ефективно да ги користат тие алатки

Влијание:

Промоција на справување со контроверзии во наставната практика и училишниот живот

Новинари за човекови права преку овој проект во прваат фаза ќе едуцира наставници на темата, а потоа заедно со партнерите ќе произведе:

  • Нов образовен прирачник на четири јазици (англиски, грчки, македонски, бугарски). Прирачникот ќе вклучува 8-часовна програма за обука заедно со прибирање повратни информации од работилниците за обука имплементирани во трите земји
  • Една електронска алатка по партнер, вклучувајќи едукативен материјал за справување со контроверзии

За таа цел НЧП ја преведе публикацијата УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОВЕРЗИИ, која можете да ја симнете ТУКА.

Проектот е подржан од  Заедничката програма Democratic and Inclusive School Culture on Operation (DISCO) а поддржан од финансирани од страна на Совет на Европа и Европската унија.