Светскиот ден за миење раце е посветен на подигнување на свеста за важноста на миењето раце со сапун, како ефикасен и достапен начин за спречување на болести и спасување животи. Оваа кампања е можност да се осмислат, тестираат и усвојат креативни начини за да се поттикнат луѓето да ги мијат рацете со сапун во критични времиња. Годинешната кампања е посветена на пандемијата предизвикана од новиот коронавирус. Вирусот се шири за време на близок директен контакт со заразено лице, капки предизвикани од кашлање, кивање, говор, итн. Едно лице може да се зарази со новиот корона вирус (САРС-КоВ-2) со допирање на површини или предмети свежо контаминирани со секрети на респираторните органи на заразено лице, на кои е присутен вирусот, а потоа допирање на устата, носот, очи, така што општата превенција на хигиена на рацете е истовремено  еден од најефикасните и наједноставните начини да се запре ширењето на вирусот, затоа  мијте ги рацете со сапун. За да го победите вирусот денес и да обезбедите подобри здравствени резултати по пандемијата, миењето раце со сапун мора да биде приоритет сега и во иднина.

Годинешната тема „Хигиена на рацете за сите“ го поканува и го потсетува целото општество дека хигиената на рацете е најевтината превентивна мерка во спречувањето на ширењето на многу заразни болести, што може да се пренесе со нечисти раце со неколку препораки:

мијте ги рацете со сапун секогаш кога можете, особено пред да готвите или да ги нахраните другите;
нека миењето раце е дел од вашите семејни навики пред јадење;
безбедете места за миење раце во домаќинството, заедницата, училиштата, работните места и здравствените установи;
промовира ефективна промена во однесувањето и усвојување на редовни навики за миење раце

Новинари за човекови права го одбележува овој ден во партнерство со Балканската Водна Мрежа  и Скриениот Херој во секое дете, а во рамки на проектот  WatSanPlan  поддржан од BMUB и во партнерство со @WECF International, @Aquademica, @Womenindevelopment, @MileukontaktAlbania и @Aмбасадори за одржлив развоj на животната средина.

Инфографиците може да се преземат СВЕТСКИ ДЕН НА МИЕЊЕТО РАЦЕ 2021 MK СВЕТСКИ ДЕН НА МИЕЊЕТО РАЦЕ 2021_albanski