Во рамки на проектот WatSan сите партнер организации учествуваа во тестирањето набезбедноста/квалитетот на водата за пиење, како и на водата во езерата, реките и бунарите.

Новинари з ачовекови права имаше повик до сите заинтересирани граѓани да дојдат во нашата канцеларија и да земат нитрат тестови за тестирање на водата. Во рамки на таа активност беа поделени 62 теста, од кои 50 отсто од тестовите беа употребени за тестирање на подземните води, 23% за Езерата (Преспанско, Дојранско, Охридско и Мавровски). За квалитетот на водата во изворите беа искористени 4% и 23 % за тестирање на питката вода од градскиот водовод.

Резултатите покажаат дека најголемо загадување има во езерата, особено во Преспанското и Мавровското Езеро. Исто така резултатите покажаа дека има и загадување на водата од пиење во руралните средини и во водата од бунари во селото Мојанце, Арачиново, како  во селата долж Преспанското Езеро.

На сликата подоле може да се види и листата на места каде е тестирана водата кај нас.

Линкот до целата публикација може да го најдете ТУКА.