На 20.09.2022г. во Хотел Лимак во Скопје беше одржана третата тркалезна маса на тема “Водата како јавно добро”, од страна на Здружението на Новинари за човекови права по повод проектот WatSan и најава на проектот за селектирање на менструален отпад поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање.   На тркалезната маса беа присутни претставници од невладини организации кои работат на тема вода, но имаше и претставници од бугарската Амбасада, од Водовод и канализација-Скопје, од Институтот за јавно здравје, АДКОМ, како и претставник од партнер организација WECF International, кој патем е партнер во овој проект.

Настанот го отвори Наташа Доковска од НЧП, која ги изнесе фактите и причините за водата како јавно добро и важноста  на питката вода и пристапот до вода и соодветна канализација да биде класифицирано во македонското законодавство како уставно право.

Потоа панелот продолжи со излагањето на Бистра Михаилова од ВЕЦФ, во кое што ја спомна големата важност на зачувувањето и разумното користење на питката вода особено во земјите од Западен Балкан.

Во наредниот сегмент, се обрати Професорот од Институтот за јавно здравје, Михаил Кочубовски, пришто ги посочи важностите на имање на пристап на доброинфраструктурирана канализација и канализациона мрежа во однос на хигиената и личното здравје. Исто така посочи дека секоја јавна институција, најважно училиштата, да имаат во женските тоалети посебни канти за менструалниот отпад.

Оваа тркалезна маса на крајот заврши со долга дискусија што може да се направи сега и во иднина за да се подобри квалитетот на водоводната канализација во нашето општество. Претставникот од ЈП Водоводна канализација Скопје посочи дека најпрво треба да се направи реконструкција на старите азбести цевки кои се присутни кај постарите водоводни канализациски мрежи, пришто би се направило превенција за навлегување на азбест во водата за пиење. Исто така, овој претставник даде предлог за конечно создавање на Катастар на водоводни цевки, пришто ќе се има можност за следење и надзор на цевките во сите општини во РСМ со цел полесно да се следи состојбата во која се наоѓаат водоводните цевки и да се има увид дали тие се безбедни за низ нив да поминува питката вода.

Во рамки, пак, на проектот говоревеме и за анализата од мапирањето на проблемот со неселектирање на менструалниот отпад во училиштата. Резулатите покажуваат дека над 75 отсто од запушувањата на канализацијата во училиштата доаѓа од фрлање на менструален отпад и влажни марамчиња во тоалетите.

Како заклучок, Наташа Доковска, посочи и дека треба да се развије свеста за нефрлање на разни отпадни материјални, вклучително и менструален отпад, во Ве-Це школките пришто се овозможува растворање на штетни материјали од овие производи во водата. Исто така, како најважен заклучок, Наташа Доковска посочи дека водата за пиење треба да се штеди, да се користи рационално и да се направи напор од страна на разни невладини организации и активисти да создадат притисок што ќе резултира со предлог иницијатива за уставен амндман со кој водата ќе стане еден од основните уставни права на човекот и граѓанинот во РСМ.