Информации за проектот: “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца”се спроведува од страна на Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје. Главна цел на проектот е  да ги подобри постојните пристапи и да најде нови методи за превенција, истрага и ублажување на трговијата со луѓе и деца, како и заштита или зајакнување на правата на засегнатите лица со размена на искуства и стекнување нови знаења.
Цел на ангажманот: Здружение на Новинари за човекови права, (НЧП) Скопје во рамки на “Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца” има потреба од ангажирање на експерт од областа на социјална работа кој работи во областа повеќе од 3 години.
Тема: Изработка на образец за студии на случај.
Потребен е експерт од областа на социјална работа за изработка на образец за студии на случај. Образецот ќе се користи во спроведувањето на студии на случај (фокус групи, средби со семејства и интервјуа) за проценка на ризик од отсуство од училиште, во рамки на активностите на Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца.
Работни задачи: Од експертот се очекува да ги реализира следните задачи:

  • Подготовка на образец за студии на случај, документ со јасни упатства за собирање и обработка на информациите од студиите на случај (фокус групи, средби со семејства и интервјуа) за проценка на ризик од отсуство од училиште.
  • Достапност за консултации и  препораки за спроведувачите на студиите на случај при собирање и обработка на податоците

Потребна документација за аплицирање
При аплицирањето, кандидатите треба да достават:
1. Биографија (CV) со детален опис на нивното поле на стручност
2. Цена на чинење на услугата во МКД
3. Референтна листа со која ќе го докаже искуството од најмалку 3 години искуство во областа на социјална работа.
Евалуација на кандидатите:
Евалуационата комисија ќе гo извести само онoj кандидат чија понуда ќе биде избрана. Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми: биографија и претходно искуство – 80 бодови, понудена цена на ангажманот – 20 бодови, вкупно 100 бодови.
Договорот ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови. Цените во понудата да бидат изразени во денари. Цените во понудата треба да бидат прикажани без ДДВ, а износот на ДДВ да биде прикажан одделно.
Пријавување:
На мејл: аleksandra@jhrmk.org  со назнака „Апликација за експерт“, најдоцна до 07.04.2023 година.