Трговија со деца – институционални механизми, процедури, заштита, превенција, Мерки за решавање на конфликти при комуникација со родители, Мерки за градење на односи меѓу наставници и родители, Пристап на „Нов авторитет“ во училиштата, Булинг и превенција: Јакнење на децата (на индивидуално нивно и јакнење на училишната заедница), Психолошка прва помош за деца (индивидуалци и групи), беа темите на дискусија со претставници од училиштата, центрите за социјални работи на втората дводневна обука за градење на капацитетите на институционалните претставници ефективно да споделуваат информации за деца кои отсуствуваат од училиште, што се одржа на 5 и 6 јуни во Скопје.

Целта на серијата обуки во рамки на „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“ спроведуван од ГО „Новинари за човекови права“, е да се продонесе во градење на капацитетите на институционалните претставници ефективно да споделуваат информации за децата кои отсуствуваат од училиште, а претставниците на институциите и властите и на втората обука заедно со 4 експерти од Австрија и Северна Македонија, ги јакнеа капацитетите за олеснета меѓуинституционална размена на информации. Крајна цел е олеснетите начини на меѓуинституционална комуникација помогнат во фукционирањето на веб-страницата Систем за рано предупредување за исчезнати деца придонесувајќи да се намали ризикот од исчезнување на децата.

Во онлајн обраќање Маг. Харалд Фугер, аташе на Федерално Министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија упати честитки за проектот и ги позрави напорите на учесниците преку соработка да ги подобрат механизмите за заштита на децата.

– Борбата против трговијата со луѓе е мултидисциплинарен потфат во кој превентивните, репресивните, поддржувачките и координативните задачи мора да работат заедно. Сиромаштијата е главната причина за трговија со деца во многу земји, како и во Северна Македонија, па затоа е важно земјата да воспостави и детски гаранции и слушнав дека тоа е план да се воспостави во иднина во вашата земја  исто така – рече Маг. Харалд Фугер.

Како што рече, заштитата на децата мора да биде врвен приоритет за сите земји кои ја ратификувале Конвенцијата на ОН за правата на детето. За да може ефикасно да се зацврсти ова, потребен е посебен закон за заштита на децата кој ги опфаќа сите релевантни области како што се: независно тело за следење за спроведување на правата на децата, јасно разјаснување на обврските и задачите на сите засегнати страни кои работат со деца и млади луѓе за заштита на децата, разработка на стратегии и концепти за заштита на децата, доволно финансирање на мерки и услуги против експлоатација и трговија со деца, мерки против насилство и советодавни услуги и поддршка за жртвите, подигање на свеста, образование и еднакви можности, особено во однос на обесправените и ранливите групи.

Александра Радевска, проектен координатор од „Новинари за човекови права“, посочувајќи дека целта на обуката е да се олесни принципот на размена на информации за деца кои отсуствуваат од училиште повеќе од три дена и на тој начин се изложени на ризик од исчезнување, ги презентираше главните теми дискутирани на првата дводневна работилница: Право на слободен пристап до информации од јавен карактер, Заштита на лични податоци и споделување од институции кои се грижат за деца, Вовед во управување со траума и грижа за себе поврзани со исчезнати деца и Мерки за градење односи и доверба и управување со разговори и некои од заклучоците:  Создавање мрежа за полесна соработка на институциите, невладините организации и родителите и децата, подобрување на услугите за деца, со реформи во интегрираното кризно управување со социјалните служби, начинот на споделување јавни информации, заштитата на податоците да се надоврзат на напорите за поструктурни информации за децата кои отсуствуваат од училиште, системи за поддршка на училишниот персонал и повеќе обуки за самогрижа, континуираната работа на матичната книга на лица-фантоми,  да се развие меѓуинституционален систем за размена на информации за децата кои отуствуваат од училиште за да се зајакне системот за рано предупредување со друга алатка за минимизирање на ризикот од исчезнување на децата.

Нермина Факовиќ, раководител на секторот за превентивна здравствена заштита и координатор за еднакви можности на жените и мажите во Министерството за здравство на Северна Македонија, даде вовед во трговијата со луѓе и македонската институционална рамка, процедурата за идентификација и превенцијата. Зборувајќи за превентивните мерки таа напомена дека како дел од Системот за рано предупредување за исчезнати деца е отворена веб-страницата „Најдиме.орг.мк“ – од страна на НВО Новинари за човекови права. Таа ги презентираше и структурите и методологијата за заштита на децата во ризик и специфичните ризици од децата на улица да бидат жртви на трговија со луѓе.

Наташа Амдију, независен експер ги презентираше мерките за решавање конфликти во постапувањето со родителите.  Се водеше и дискусија за случаи на дете за кое веруваат дека било предмет на трговија со луѓе и/или е надвор од образовниот процес и се разгледуваа причината, односно коренот на проблемот,  одговорните, како и постапките – комуникација со институции, комуникација со родители… Учесниците ги разработија принципите на решавање конфликти и преку практична вежба на играње улоги, а дискутираа и за правни чекори кои треба и би можеле да се преземат за да се реши ситуацијата во најдобар интерес на детето. Тие, исто така, ги разгледаа обврските и законските одговорности што ги има секој од актери во овој случај и што може да се појави како прашање на конфликт.

Елизабет Хартл од Центар за заштита на деца – Ројте,  зборуваше за мерки за градење односи меѓу наставниците и родителите, а ги спомена и Ромски училишни медијатори како програма која помага во обезбедувањето посетување на училиште; спречување и справување со проблемот на напуштање на училиштето; поттикнување академски успех; фаворизирање на позитивни односи меѓу децата Роми и не-Роми. Таа зборуваше и за малтретирање и превенција, зајакнување на децата (на индивидуално ниво, но и зајакнување на класната заедница). Таа презентираше низа вежби и пристапи за интервенција кога се работи за булинг во училиште, а учесниците ги сподели своите искуства и досегашни практики кои се редовни во образовниот процес со цел да се превенира булингот.

Моника Штајнер Толиќ од Центар за заштита на деца – Тирол,  го презентираше пристапот на „Нов авторитет“ во училиштата, посочивајќи дека сега децата се авторитет за разлика од порано кога тоа беа наставници, родители, лекари…Учесниците имаа можност да работат на практични вежби за избегување на борбата за моќ,  а беше презентирана и психолошка прва помош за деца (поединци и групи). Се анализираа чекорите на управување со кризи и план за итни случаи кој е водич за обезбедување заштита на ранливите лица, намалување на последователните штети. Управувањето со кризи во училиштето подразбира брз, структуриран и координиран пристап, кој помага во случај на ненадејни настани (несреќи, смртни случаи, …)

Од информациите споделени на втората дводневната обука за градење капацитети на институционалните претставници за ефективно споделување информации за децата кои отсуствуваат од училиште, она што беше заклучено од меѓународно, но и локално искуство е дека соработката со сите релевантни чинители, институции и организации е од витално значење и кога станува збор за отсуство од училиште, со цел да се подобри заштитата на децата од исчезнување или тргување, но и со цел зајакнување  и економски безбедност на децата од ранливите групи и нивна побезбедна и попросперитетна иднина. Подигнувањето на свеста, образованието и еднаквите можности, особено за обесправените и ранливите групи се клучни во раната фаза на образованието, но исто така и на ниво на семејство и заедница. Беше истакната важноста од проактивна и континуирана тесна соработка и координација на училиштата со полицијата, социјалните служби, обуки, едукација на родители и деца, но и системи за поддршка на училишниот персонал и социјалните работници, како и постоењето на социјален работник во училиштата. Меѓуинституционалната комуникација и размена на информации е од клучно значење, особено затоа што училиштата, како и социјалните центри се недоволно екипирани, па ова може да помогне во спречување или откривање на ризиците и воведување на проактивни мерки за да не се случи случај на трговија со деца, рани бракови, напуштање на училиште…Се разговараше за прашањето за лицата без документи и за децата без документи и се изрази надеж дека процесот започнат со собраниска процедура за измени на Законот за матична книга на родените ќе овозможи решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, но и за секое дете родено во земјата да добие извод од матична книга на родените, без разлика дали родителите се без документи или без државјанство.

Учесниците се согласија да ја продолжат соработката и во иднина со цел дополнително да придонесат за зајакнување на системот за рано предупредување за исчезнати деца и превенција и заштита на децата од ризикот од трговија со луѓе и исчезнување.

„Новинари за човекови права“ во соработка и под проектен менаџмент на „ECPAT Австрија“, го спроведува проектот во Северна Македонија, вклучувајќи различни засегнати страни (јавниот и приватниот сектор, граѓанските организации, медиумите, бизнис секторот) во периодот од 1 јули 2021 година – 31 декември 2023 година, со финансиска поддршка од Федералното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.