Обезбедувањето рамноправен пристап до капацитетите за вода, санитација и хигиена (WASH) е од фундаментално значење за промовирање на јавното здравје, достоинството и родовата еднаквост ширум светот. Пристапот до чиста вода, санитација и хигиена не само што ја подобрува индивидуалната благосостојба, туку придонесува и за развојот на заедницата и економскиот просперитет. Сепак, разликите во пристапот до капацитетите за WASH опстојуваат, особено влијаејќи на маргинализираните групи и не-машките полови.

Партнерите на проектот за безбедност на водата развија Препораки за акција со цел  да се подобри пристапноста, инклузивноста и безбедноста на јавните капацитети за WASH на глобално ниво, пристапот до менструални производи и работни места поврзани со пристап до вода.

Информациите ќе се користат за спроведување на предавања за акција и подобрување на состојбата со WASH и менструалното здравје за вработените во јавниот сектор, студентите и различните релевантни чинители во регионот на Балканот и Источна Европа.

Политиките може да се прочитаат тука:

Препораки за акција за работни места поврзани со вода

Препораки за акција за објекти за вода и хигиена

Препораки за акција против менструалната сиромаштија

Препораките се дел од проект „Планирање за безбедност на вода и канализација“, подржан од  Сојузното Министерство на Германија за животна средина, зачувување на природата, нуклеарна безбедност и заштита на потрошувачите, а се имплементира во Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Германија.