Почитувани колеги, партнери и пријатели,
Тимот на Новинари за човекови права Ви посакува среќни празници исполнети со радост, и многу успех и среќа во Новата Година! Додека размислуваме за изминатата година, ние сме благодарни за сите плодни соработки, како и за вашиот непроценлив придонес во нашата работа. Со Вашата поддршка, нашиот тим постигна многу возбудливи достигнувања, вклучувајќи:
🌲 Намалување на ддв стапката на менструалните производи од 18 на 5 отсто, со што уште еднаш покажавме дека преку соработка со сите оние кои не поддржувавте во оваа иницијатива докажавте дека борбата за општото добро е наша ѕвезда водилка…Ќе се бориме и наредната година сите девојчиња вклучени во образовниот процес да добиваат бесплатни менструални производи…Не смееме да заборавиме дека МЕНСТРУАЦИЈАТА НЕ Е ЛУКСУЗ!!!
🌲 Развиен систем за рано предупредување на исчезнати деца, пилот проект кој во парнерство со ЕКПАТ Австрија, а со поддршка на федералното министерство на Австрија за социјална политика, здравство, грижа и заштита на потрошувачите ќе продолжи и во наредната година, а со кој систем ќе се обидеме да превенираме, информираме и соработуваме во полесно и побрзо изнаоѓање на исчезнати деца. Организиравме три студиски посети во Виена, ја поставивме страницата www.najdime.org.mk и организиравме конференција во Скопје, споделувајќи ги постигнувањата во поставување на систем за рано предупредување на исчезнати деца.
🌲 Преку проектот „Зголемување на свесноста за менструалниот отпад и инклузија на ранливи групи на жени преку производство на повеќекратна менструална влошка во РСМакедонија – Буџет мама“, финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), WECF и програмата Women 2030, организиравме и спроведовме повеќе работилници за формирање социјални претпријатија кои ќе ја шијат првата сертифицирана менструална влошка за повеќекратна употреба. Сто жени се стекнаа со дополнителни искуства на оваа тема, три социјални претпријатија ќе ја шијат влошката, а првите 100 пакети ќе бидат донирани на жени во ризик.
🌲 Проектот Буџет – мама беше избран за еден од петте најиновативни проекти во програмата не-технолошки решенија за родова климатска правда!!! Со овој проект жените добиваат алтернатива во управување со менструалната сиромаштија, си обезбедуваат нови работни места, го намалуваат менструалниот отпад и влијаат на подобрување на сексуално – репродуктивното здравје
🌲 Правата на жените борки за климатска правда е тема со која заппочнавме оваа година и ќе се занимаваме и наредните. Жените мора да имаат право гласно да ги кажаат своите потреби во борбата со климатските промени. Триесет жени дискутираа на оваа тема и се изјаснија дека климатска правда
🌲 Преку проектот WatSan и изминатава година работевме на одржливо управување со водите. Во таа насока го воведеме и понатаму да го развиваме инструментот Планирање за безбедност на вода и санитација (ВССП). WSSP покажува методи за анализа на ризик и проценка на системите за вода и санитација и ги објаснува мерките за минимизирање на ризиците и подобрување на состојбата со вода и санитација. Во различни едукативни активности, комплексот на WSSP веќе развиен од нас ќе биде презентиран пред разни засегнати страни од образованието, администрацијата, политиката и институциите. Триесет наставници се стекнаа со дополнителни знаења на темата вода, 200 ученици учествуваа во нашите активности за подигнување на свеста за одржливо управување со водата…Организиравме 3 работилници, се вмреживме со нови организации, учествуваме на подготвителната конференција за вода што идната година ќе се одржува во Њујорк, 300 граѓани ја тестираа водата со нитратни тестови.
🌲 Оваа и наредната година работиме на имплементација на Проектот Pros4Democracy кој е дел од ЕРАЗМУС програмата за млади и предвидува повеќе работилници на темата гласање и младинското учество на изборите, како и една пет дневна работилница во Малта. за европските вредности, активно граѓанство и медиумска писменост. Паралелно со ова спроведовме работлилници на национално ниво, преку кои на учесниците им ги пренесуваме европските вредности и неопходноста од учество на младите на избори.
🌲 Под лидерство на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП) а во партнерство со проектнитe партнери ЕХО од Штип, Рурална Коалиција од Куманово, го имплементираме проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост. Спроведовме 17 форуми на заедниците со цел идентификување на потребите и приоритетите на жените и мажите…И во наредната година ќе работина на проценки на политиките/модели на политики, како и на завршното истражување за утврдување на промената во потребите и ставовите, перцепцијата за родовата еднаквост, учеството и донесувањето одлуки.
🌲Новинари за човекови права стана дел од меѓународната мрежа на тренери за зајакнување на жртвите преку техники на самоодобрана – ESD. За таа цел две наши претставнички се сертифицираа за спроведување на тренинзите, а триесетина младинци ги проследија воведните тренинзи, а се со цел нивно зајакнување преку самоодбрана. Нареднаат година ќе биде година на промовирање и имплементација на ESD во образовниот систем
🌲 Ја зајакнавме канцеларијата во Ресен и како дел од регионална канцеларија на Националниот совет за родова рамноправност спроведовме низа акции. На иста маста ги седнавме жените од советнички од различни политички партии, поделивме хуманитарна помош за 100 семејства…
🌲 Во рамки на проектот EURENI работиме на хемиска безбедност и подигнување на свеста за потребата од транспарентност на производите за хемискиот состав.
🌲 Во осработка со Светскиот Марш на Жената ја формиравме Феминистичката школа која од оваа година ќе ги прими и првите студенти од Западен Балкан и Турција
Работевме на три континенти, учествувавме на над педесет меѓународни конференции и работилници, споделивме добри практики на COP 27, Министерската конефернција за животна средина, на работните групи за имплелемнтација на Архуската Конвенција и Протолот за вода и здравје, на работната сесија за хемикалии…Наредната година не чекаат нови предизвици. Пред се да ги завршиме започнатите активности, но и да ги реализираме идеите за социјално домување, искоренување на енергетската сиромаштија, нула ддв за хигиенските производи и враќање на водата за пиење само во стаклени шишиња!!!
Ако 2022 година за нас е година на менструална правда, наредната година посакуваме да ни биде година на климатска правда!!!
Работиме глобално, делуваме локално.
Ви благодариме за поддршката и со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата соработка и во новата година!